20-годишно момче загина откако со автомобилот излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Утринава околу 02,00 часот на регионалниот пат Виничка крстосница-Виница, во близина на мостот на река Брегалница, се случила сообраќајна незгода во која дошло до слетување од патот на патничко моторно возило “Пасат“ со винички регистраски ознаки сопственост и управувано од А.М.(20) од Виница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош при Медицински центар Виница, било констатирано дека А.М. им подлегнал на повредите на самото место на настанот.

По овластување на Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кочани, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.