2.000 полицајци ќе го обезбедуваат Супер купот, фудбалерите со 24 часа обезбедување

Сподели со своите пријатели

За безбедноста на Суперкупот ќе бидат ангажирани околу 2.000 полициски службеници. Припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе бидат распоредени на граничните премини за прифаќање и придружба на навивачите на двата клуба до Скопје, пишува порталот НоваТв.

На посреќните од нив ќе им бидат доверени, стотици милиони евра, вредните ѕвезди на „кралевите“ и „црвените ѓаволи“ како одлична непосредна можност за селфи со некој идол од ростерите на Зинедин Зидан и Жозе Мурињо или автограм или, пак, сувенир за спомен од убавата прилика. Работното место за дел ќе биде околу стадионот во т.н. „обрачи“.

Планот предвидува три такви околу Националната арена. Последниот околу самиот стадион ќе биде инсталиран на три дена до почетокот на натпреварот и низ него нема да може да влегуваат цивили.

Повеќе детали за оганизацијата на настанот читајте на NovaTv.mk