19-годишник и малолетници ќе одговараат за грабеж на црква во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.М. (19) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

А.М. на 04.12.2017 година околу 12.30 часот во црквата ,,Свети Никола” во с. Градец, заедно со тројца малолетници (двајца на возраст на 15 и еден на 14 години) со употреба на сила влегле во црквата и од иконите одзеле 200 денари.