18 сантиметри снежна покривка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осумнаесет сантиметри изнесува снежната покривка во Куманово според мерењата утринава во 8 часот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу снег наврнало во Маврово – 74 сантиметри, а најмалку во Дојран – само шест.

6 Дојран, 8 Претор, 10 Виница, 11 Д. Капија, 12 Струмица, 14 Прилеп, 17 Штип, 18 Скопје Петровец, Куманово,  20 Охрид, 21 Битола, 23 Крушево, Берово, 25 Тополчани, 26 Кр. Паланка, 27 Ѓуриште, 40 Тетово, 52 Лазарополе, 65 Пожаране, 74 Маврово.

Најстудено утринава било во Лазарополе каде биле измерени -10 степени, а најтопло со 0 степени било во Гевгелија. Во Куманово утринава е измерена температура од минимални -6 степени целзиусови.

Времето моментално е облачно и студено во поголемиот дел од земјава  со врнежи од снег со слаб а во Мавровскиот регион со умерен интензитет. Во југоисточниот дел  нема врнежои од снег. Дува умерен повремено засилен северен ветер ,особено на повисоките места , Штипскиот и Скопскиот  регион.

Облачно и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет ќе биде времето во текот на денешниот ден, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Дневната температура ќе се движи од -10 до -3 степени.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали, но не е исклучено на места да провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе биде многу студено.

 

Loading...