17 населени места во кумановско денес без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Вкупно на 17 локации во општините Куманово и Старо Нагоричане денеска ќе има планирани прекини на електричната енергија од страна на ЕВН Македонија, информираат од компанијата.

Во период од 9 до 12 часот без електрично напојување ќе бидат населените места: Бељаковце, Стрезовце, Јачинце, Довезенце, Ругинце, Сув Орах и Облавце.

Од 12 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат и жителите на селата: Старо Нагоричане, Пелинце, Жегљане, Стрновац, Челопек, Коинце, Арбанашко, Дејловце, Осиче и Рамно.

Станува збор за плалнирани прекини со цел интервенција во електро дистрибутивната мрежа за подбрување на услугата на корисниците.