17-годишен мотоциклист од Велес заврши на КАРИЛ откако удрил во бетонски ѕид

Сподели со своите пријатели

Вчера доцна попладне во 18.20 часот во Велес, на улицата „Благој Ѓорев“ се случила сообраќајна незгода во која седумнаесетгодишник од Велес, управувајќи мотоцикл „Херц 200 цм3“ без регистарски ознаки, изгубил контрола над истиот и удрил во бетонски sид.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата возачот  и, исто така, седумнаесетгодишниот сопатник од Велесе се здобиле со тешки телесни повреди. Со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Јавната здравствена установа Велес, но поради сериозноста на повредите, возачот бил пренесен во КАРИЛ-Скопје. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес.