17-годишен кумановец се обидел да прегази полицаец, неговиот сопатник пукал во воздух

Сподели со своите пријатели

На 07.02.2018 година околу 18,10 часот во с.Боговиње-тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Камењане дале знак за да застане патничко моторно возило “БМВ“ со скопски регистерски таблици.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, истото застанало и кога полицискиот службеник се доближил, возачот во возилото го стартувал истото и се обидел да го удри полицискиот службеник а потоа удрил во
полициското возило како и во други паркирани возила.

При обидот за бегство, едно од лицата кое било сопатник во возилото испукало два куршуми од пиштол во воздух. Поради предупредување, полициските службеници испукале неколку куршуми во воздух . Лицата се дале во бегство заедно со уште две возила – “Ауди“ со штипски регистерски таблици и “Шаран“ со непознати регистерски таблици напуштајќи го местото на настанот.

Околу 20,50 часот на влез во Скопје, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено возило “БМВ“ управувано од 17 годишен малолетник од Куманово. Подоцна, во населбата Ѓорче Петров, од страна на полициски службеници од единицата Алфи, било сопрено и возилото “Ауди“ со штипски регистерски таблици управувано од И.С. (29) од Куманово. Лицата се приведени во ПС- Ѓорче Петров, а возилата се пренесени во кругот на полициската станица за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шест лица добија кривични за филмскиот грабеж во Куманово

Leave a Reply