16-годишен ученик од Куманово претепан во автобус (видео)

Сподели со своите пријатели

Наместо во школските клупи, денеска 16-годишниот Егзон од Куманово го помина денот во болница и во полициска станица. Шестмина се уште непознати лица го претепале Егзон и му нанеле тешки телесни повреди. Иако веќе 2 години патува со автобус со истата релација, Егзон вели дека ова е прв пат да го нападнат, ни крив, ни должен, објави вчера Телевизија 21.

Симнувајќи се пред училиште одеднаш ме нападнаа 6 лица. Ме удираа со боксови и клоци.. Многу сум исплашен, ситуацијата воопшто не е добра. Утре ќе одам во училиште, со автомобил со татко ми – вели Егзон Ајдини за ТВ21.

Таткото на Егзон Ајдини, Исмет е исплашен за безбедноста на неговиот син, и ја повикува полицијата да ги најде сторителите. Тој вели дека насилниците освен што го истепале, дури и му се заканувале на неговиот син.

Му кажале повеќе да не оди во училиште. Тие се организирани, но со помош на полицијата ќе се обидеме да обезбедиме сигурност за учениците, а повикани се и сведоци. Сторителите избегале од полицијата. Полицијата во 18:40 беше во автобусот кој патува за Куманово, но сторителите не биле таму. Ние ги пријавивме во полиција, нема каде да избегаат – изјавил Ајдини.

МВР го потврдува случајот, и од таму велат дека се истражува инцидентот каде што момчето беше  нападнато.

Loading...

 

Текстот е преземен од порталот на Телевизија 21