16-годишен мигрант пронајден со повреди во село Лојане

Сподели со своите пријатели

На 09.01.2017 година при привременото сместување во Транзитниот центар Табановце на група од 12 лица мигранти кои биле пронајдени во с.Лојане, се наоѓало и 16 годишно малолетно лице во придружба на негов роднина-брат И.Б.Р.(34) двајцата од Иран.

Со малолетното лице бил извршен разговор од страна на социјален работник во центарот при што било констатирано дека малолетното лице имало телесна повреда (на левата страна на грбот) нанесена од остар предмет, по што му била укажана лекарска помош од страна на лекар од Црвен Крст во центарот.

Преземени биле и мерки за понатамошна медицинска нега. Се работи на целосно расчистување на случајот.