16.080 британски фунти запленети на ГП Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Вкупно 16.080 британски фунти биле откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Во кабината на возилото, во фрижидер, била пронајдена кеса со 25.000 британски фунти. Согласно законските прописи, на возачот му биле вратени 8.920 британски фунти, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а за сторениот девизен прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.