14 сантиметри снежна покривка во Куманово, снегот ќе продолжи да паѓа

Сподели со своите пријатели

Снежната покривка во Куманово изнесува 14 степени, што е некоја средина во однос на минималните 1 сантиметар во Штип и 69 во Маврово.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето утринава беше облачно со локални, претежно слаби врнежи од снег, а на крајниот југоисток со слаб дожд. Дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне почнувајќи од запад ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе услови можна појава на снежни навеви. Дневната температура ќе биде во интервал од -1 до 4 степени.

Во Куманово и околината денес ќе имаме облачно време со врнежи од слаб снег. Ќе дува засилен северн, односно североисточен ветер, а максималната дневна температура ќе изнесува 1 степен. Во текот на ноќта снежните врнежи ќе бидат поинтензивни, за кога температурата ќе се спушти 4 степени во негатива.

Облачно со повремени врнежи од снег, пообилни во утринските, а на исток во претпладневните и пладневните часови. Од врнежите што се очекуваат денес и утре снежната покривка насекаде значително ќе се зголеми, на повеќе места за 20 до 30 cm. Најмногу вкупни врнежи ќе има на југот од земјава каде на места се очекуваат и над 40 cm нов снег. Утре во текот на претпладнето почнувајќи од запад врнежите ќе престануваат, а на истокот ќе се задржат до пладне и рано попладне.

Од петок се очекува стабилизација на времето со суво време и намалување на облачноста.