14 лица повредени во тешка сообраќајка кај Куманово

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на делница од автопатот Табановце – Куманово кај клучката во населбата Долно Којнаре.

Во сударот учествувале еден автобус кој превезувал патници од Швајцарија и два автомобили. Во несреќата две лица се со потешки повреди и се префрлени на клиниките во Скопје, а другите се хоспитализирани во болницата во Куманово.

Од МВР засега нема детали како дошло до сударот кој се случил околу 17.30 часот на клучката од автопатот со магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Во извлекувањето на патниците учествувале и припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово.

Повеќе детали од МВР ќе соопштат во текот на денешниот ден.