13 совети за долговечност

Сподели со своите пријатели

Тајните на доброто здравје и долговечноста, често се кријат во малите нешта. Денес споделуваме неколку совети за долг живот, кои се дел од книгата “50 Secrets of the World’s Longest Living People”. Еве на што го должат своето здравје народите на Хунзите и Окинава.

Кога се храните, стомакот треба да биде 80% полн. Тоа значи секогаш да се чувствувате една нота глад, а не да се прејадувате.

Потрошувачката на свеж зеленчук треба да ја надминува потрошувачката на месо 7 пати.

Пијте по 4-5 чаши на ден зелен чај.

Ако сте љубител на морска храна, не пропуштајте ги и алгите.

Како што рековме, една од тајните на долговечноста и доброто здравје се крие во внесот на јогурт.

Земете си куче. Велат дека женетите луѓе живеат подолго. Па, ако до себе немате омилен човек, земете си куче.

Спортувајте! Студија докажува дека дури и пушачите кои спортуваат, живеат подолго од оние кои водат седентарен начин на живот.

Играјте игри кои ја стимулираат менталната активност.

Потпевнувајте, пејте, медитирајте, дишете длабоко и смејте се.

Бидете дел од нешто големо надвор од себе. Егоистичните луѓе умираат порано.

Ако сакате да живеете подолго и да бидете здрави, намалете го стресот!

Плодовите се важни за доброто здравје. Одвојте посебно внимание на кајсиите и семките од кајсија.

Не го пропуштајте земањето на минерална вода. Народот на Хунзите го должи своето добро здравје токму на водата со богат минерален состав.