13 мртви во пад на воен хеликоптер во Мексико

Сподели со своите пријатели

Најмалку 13 лица,помеѓу кои и три деца, загинаа откако во малиот град Оахаки, сојузна држава на југот на Мексико, се сруши воен хеликоптер во кој се наоѓале високи функционери кои ја проценувале штетата од неодамнешниот силен земјотрес, соопштуваат властите.

Како што пренесува, АП, функционерите преживале, но 12 лица загинале на лице место, додека едно лице во болница, се наведува во соопштението на канцеларијата на државниот обвинител од Оахака.

Покрај тоа, во падот на хеликоптерот се повредени 15 лица, пренесува Ројтерс.

Хеликоптерот, во кој се наоѓал и мексиканскиот министер за внатрешнир аботи и гувернерот на Оахака, паднал на две комбиња во поле додека се обидувал да слета во местото Сантијаго Хамилтепек.

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето навел на Твитер дека двајцата службеници и екипажот на хеликоптерот се добро, додека Министерството за внатрешни работи соопшти дека тие се полесно повредени, пренесува АП.

Leave a Reply