13 кумановски училишта добија печатачи од Општина Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

Како признание за успешно спроведениот проект за интеретничко образование во Куманово, 13 основни училишта од градот денеска добија печатачи од Општина Куманово.

 

Loading...

 

Проектот започнал пред пет години, а како што вели градоначалникот Зоран Дамјановски на денешната средба, Куманово е пример дека за граѓанска општина каде во употреба се четири јазици.

Најдобар пример како треба да се гради едно граѓанско општество и интеретничка толеранција во општеството. Токму затоа дадовме поддршка на проектот, во однос на логистиката, транспортот на учениците, родителите, професорите тука беа зафатени 13 партиципиенти сите беа дел од проектот носители беа „Браќа Миладиновци“ и „Бајрам Шабани“ кои имаат најдолга традиција во однос на јазиците. На некој начин овие разботилници произведоа многу интереси специфики и зближувања во однос на мултикултурализмот, обичаите набивики, на определени и тоа е целта на сите овие проектикои се подржани од Меѓународната заедница меѓутоа имплементатори се локалните заедници – рече Дамјановски.

Како што истакна првиот човек на градот ова е една симболика, меѓутоа начин да се надополнат недостатоците во функционирањето на образовниот процес.

Се обидуваме да ги надминеме етничките разлика и да направиме кохезивно општество во однос на мултикултурализмот бидејќи сите раличности во културата се и позитива во градење на едно опшетство, дознавање на тие разлики повеќе не интегрираат, отколку што не одалечуваат. Тоа е целта на нашата поддршка. Да дадеме силна порака дека Куманово стои цврсто на опцијата на граѓанско мултикултурно, демократско и слободно општество ова е една симболика дека сакаме да градиме општество за сите, во кое сите ќе ги имаат истите права и ќе уживаат во привилегиите и одговорностите – додаде Дамјановски.

Проектот беше финансиран од УСАИД, а подоцна поддржан и од  Министерстовот за образование и наука, Бирото за развој, а негова цел беше подобрување на мултиетничкото образование во градот и државата.

 Проектот заврши пред една недела беше завршна манифестација а во дел на завршницата беше во оној дел кој го финансира УСАИД, но и понатаму продолжување со проектот сега подржан од Министерството за образование и инкорпорирани наставни планови и програми во делот на мултиетничко обраозсџвание, бидејќи општианта ни е таква сите тежнееме и сакаме да живееме во едно граѓанско општество кое нема да биде оптеретено со националност, вера и припадност туку со нашите граѓански потреби тоа е она на кое ние во делот на мултиетничко обраозвание сме должни да им го објасниме на децата, и да ги научиме да живееме во такво општество – изјави Марина Манојловска, директор на ООУ „Браќа Миладиновци“.

 

Како што посочи Манојловска почитувајќи ги придобивките на мултиетничкото општество учениците научат и да се почитуваат самите себе.