12,5 килограми дрога запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вчера (19.07.) од страна на полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север на Полициска станица за Граничен премин Табановце бил спречен обид на криумчарење на опојна дрога марихуана на излез од Р. Македонија кон Р. Србија.

Имено, вчера во 22,00 часот на ПС за ГП „Табановце“, на излез од Р.Македонија со патничко возило “Опел Астра“ со скопски регистарски таблички дошле лицата М.С. (30) и К.Г. (31) кој го управувал возилото, инаку објацата од Скопје. Од страна на полициски службеници биле извршени гранични проверки и кај нив се појавило сомнение при што горенаведеното возило и лицата биле селектирани за дополнителна контрола.

При извршената детална контрола на возилото, поточно под задните тапацири во возилото пронајдена е тревкаста материја спакувана во 25 паковки со тежина од околу 12,5 кг, односно опојна дрога – марихуана. Лицата биле приведени и подоцна истите се предадени на  инспектори од МВР-ОКП-ОНТДО при СВР Куманово за понатамошна постапка, а од страна на Крим-техника при СВР-Куманово бил извршен увид и документирање на настанот