05.01.2018 02:48

12 загинати и 260 повредени во судир на воз и камион во Јоханесбург (фото+видео)

loading...

Најмалку 12 луѓе загинале во стравична сообраќајна несреќа која се случија во провинцијата Фри Стејт во Јужна Африка, пренесуваат итните служби од местото на настанот.

На Твитер веќе се објавени детали од несреќата, а познато е дека се повредени над 260 луѓе.

Несреќата се случила помеѓу градовите Хененман и Кронстад, пренесува РТ.

Локалните медиуми известуваат дека возот се запалил по судир со камионот.

Фотографиите кои кружат по социјалните мрежи покажуваат дека возот претрпел значителна материјална штета.

Возачот на камионот се обидел да премине преку пругата пред да наиде возот, меѓутоа не успеал во намерата, рекол министерот за сообраќај Џо Масвангањи, пренесува агенцијата АП.

Истрагата за судирот е во тек, додал министерот.

На снимките од лице место може да се видат делови од возот во пламен по судирот и патници со багаж како одат кон патот преку високата трева.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments