10,5 килограми марихуана наменета за германскиот пазар заврши на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Марихуана во вкупна тежина од 10,5 килограми која била наменета за германскиот пазар, викендов заврши во рацете на Царинската управа на Република Македонија, откако бил откриен обид за шверц на граничниот премин Табановце.

Околу 8:00 часот во сабота при вршење на царинска контрола на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонија Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи селектирале за контрола патнички автобус со македонски регистарски ознаки кој се обраќал на редовна линија Гостивар-Женева.

 

Loading...

 

Како што информираат од Царинската управа на Република Македонија, при прегледот на автобусот, вклучено било и царинско куче кое реагирало на една од патните торби сместени во просторот за багаж. По отворањето на торбата пронајдени биле 15 опаковки со различна големина исполнети со марихуана со вкупна тежина од околу 10,5 килограми. Ниту еден од патниците во автобусот не се пријавил како сопственик на патната торба.

 

 

 

Дрогата и лицето – возачот на автобусот, биле предадени на Одделението за истраги при Сектор за контрола и истраги, а од спроведената преткривична постапка постои основано сомнение дека во шверцот со дрога покрај возачот биле инволвирани уште две други лица државјани на Република Македонија. Марихуаната требала да биде пренесена во градот Хановер во Германија.

Предистражната постапка е се уште во тек и се прибираат други докази. Царинската управа поднесе кривична пријава против осомничените лица до надлежното јавно обвинителство, поради постоење на основи на сомнение дека е сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.