10 знаци дека диетата ви е дисбалансирана

loading...

Луѓето кои имаат дисбаланс на хранливите материи во диетата, може да страдаат од форма на неухранетост, а оттаму нивното тело да биде повредено поради недостаток на витамини и минерали.

Балансираната исхрана е најдобар начин да го засилите имунолошкиот систем и во целина да бидете здрави и енергични.Затоа, ако сте решиле да ослабете, внимавајте многу каков режим на исхрана ќе почитувате.

Ако се сомневате дека имате авитаминоза, мора да го подобрите начинот на исхрана или да почнете да земате додатоци (витамини).

Еве и 10 знаци кои ќе ви покажат дека вашата исхрана не е избалансирана и му штети на вашето здравје:

1. Чувството на замор и слабост

Заморот и слабоста се симптоми кои покажуваат прехранбен дефицит. Може да се работи за анемија поради недостаток на железо во крвта. Други работи кои можат да предизвикаат замор на мускулите и општа слабост се недостатокот на витамин B12 и калиум.

2. Се чувствувате депресивни

Депресијата е ментална болест, но има многу работи кои може да ве натераат да се чувствувате потиснати. Истражувањата покажуваат дека неурамнотежената исхрана може да го направи човек несреќен и летаргични. Ова може да е поради дефицит на омега-3 масни киселини, амино киселини и некои витамини и минерали.

3. Имате косопад

Кога човек има недостаток на витамин B6 во организмот, тоа може да му предизвика силно губење на косата. Кршливата коса пак може да е последица на недостаток на цинк или витамин А.

4. Имате лош здив

Лошиот здив може да биде предизвикан од голем број на работи, вклучувајќи и кариес, како и инфекции на синусите. Оваа состојба може да покажува дека ви се потребни повеќе цинк, B6 или магнезиум во вашата исхрана. Поткаснувајте повеќе семки од тиква, банани или посно пилешко (кои содржат B6). Вклучете повеќе зеленчук, грав и ореви во вашата дневна исхрана, за да се зголеми внесот на магнезиум.

5. Имате акни

Акните се карактеристични за пубертетот, но може да влијаат на луѓето од сите возрасти. Тоа може да е предизвикано и од прехранбен дефицит. Конзумирање на храна која содржи трансмасти, може да предизвика појава на акни.

6. Добивате лесно модринки

Ако сте склони да добивате лесно модринки и црвенила, може телото да има потреба од повеќе калциум, витамин C, фолна киселина, витамин К и витамин Б12.

7. Имате тикови на лицето

Ако редовно очните капаци ви се грчат или чувствувате грчеви, можеби имате недостиг на магнезиум или калиум. Некои од најдобрите извори на калиум се лосос, пилешко, цитрус и авокадо.Важно е исто така да пиете повеќе вода.

8. Имате дијареа

Оваа состојба, исто така може да биде предизвикана од недостаток на витамин B12 или на цинк. Ако имате дијареа, пропратени со висока температура, поверојатно е да се работи за вирусна болест.

9. Страдате од ноќно слепило

Често проблемот се должи на недостаток на витамин А во храната. Во некои случаи, ноќното (Кокошкино) слепило може да е знак на недостаток на цинк или витамини B2 и B6.

10. Заборавате лесно

Ако страдате од губење на меморијата или имате тешкотии со сеќавањето, тоа може да биде знак за недостаток на витамин B12, калциум и железо.


Последни наслови

Facebook Comments