10-годишно дете прегазено во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десетгодишно дете пешак се здобило со потешки телесни повреди во сообраќајна незгода која вчеравечер се случила во Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Патничко моторно возило марка „Опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Т.О. вчеравечер околу 20 часот удрило во детето во близина на крстосниците на улиците „Доне Божинов“ и „Тодор Велков“ во ценатор на Куманово.

По несреќата детето со визло на Итната медицинска помош било пренесено во кумановската Општа Болница каде му била укажана првична лекарска помош, но поради сериозноста на повредите истото подоцна било префрлено на една од скопските клиники.

Увид на местото на незгодата изврши увидна екипа од СВР Куманово.