10 години од хеликоптерската несреќа во која загинаа тројца кумановци

loading...

Денеска се навршуваат десет години од хеликоптерската несреќа која се случи близу катлановско Блаце,  во која трагично загинаа единаесет припадници на  воздухопловната бригада (ВБР) на АРМ.

Со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, Министерството за одбрана и АРМ ќе им оддадат почит на трагично загинатите припадници на воздухопловните сили.

Свежи цвеќе ќе бидат положени и на спомен обележјето пред командата на мисијата „Алтеа“ во Сараево, како и на споменикот пред командата на бригадата во Петровец.

Капетан Бране Спасовски (39) од кумановската населба Перо Чичо, потполковникот Тони Спасовски и Мики Ивановски од село Доброшане беа тројца од единаестте лица кои настрадаа во хеликоптерската несреќа кај Катланово.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments