10 чекори како полесно да се откажете од цигарите

Сподели со своите пријатели

Пушачите не пушат затоа што уживаат во цигарите, туку затоа што никотинот прави зависност и предизвикува чувство на опуштеност и благо задоволство.

Кога никотинот преку органите за дишење влегува во крвототкот, многу бргу пристигнува до сите ткива и органи, а за 3-4 секунди доаѓа до централниот нервен систем. Никотинот и другите состојки од чадот влијаат на мускулаторниот тонус, бројот на отчукувања на срцето, крвниот притискот, како и на промената на расположението кај пушачите.

Доколку веќе сте се обиделе да се одвикнете од пушете и не сте успеале или доколку прв пат ја донесувате оваа одлука и чувствувате несигурност, побарајте помош од експертите кои се занимаваат со одвикнување од пушењето.

Стручната помош во вид на советувања и со примена на лекови повеќе од војно ги зголемува шансите пушачоткој се обидува да престане со таквата навика навистина и да успее во тоа.

Десет едноставни чекори кои ќе ви помогнат да се откажете од оваа зависност прочитајте ги во продолжение.

Поверете им се на блиските

Запознајте го семејството, пријатеите и колегите со својата одлука. Ќе имаат повеќе разбирање за кризата и евентуалните тегоби во текот на вашето одвикнување. Нема да ви нудат цигари, а и тие ќе се воздржуваат од пушењето додека се со вас.

Проветрувајте ги просториите и работите

Исчистете ја облеката во која живеете од мирисот на чадот.

Тргнете ги „провокаторите“

Исфрлете ги од куќата, автомобилот, по можност и од работното место сите „провокатори“ на пушењето: кутии или некоја форма на цигари, како и приборот за пушење – запалка или пепелник.

Одредете го најдоброто време

Подгответе се самите себе за стартот во одреден ден во кој обично сте почнувале се што успешно сте го завршувале. Испочитувајте ја својата одлука. Одложувањето ан денот или датумот за почеток на довикнувањето не е препорачливо. Тоа ќе ве води во поголема колебливост, неодлучност и во лично разочарување.

Програмот прилагодете го на самите себе

Лесно ќе успеете доколку оваа програма ја прилагодите самите на себе. Тоа значи, да примените од него се што ви помага и одговара, па така да ја ускладите со својата можност.

Храна и пијалоци

Во текот на одвикнувањето од пушење немојте да јадете печено или поховано месо, многу зачинета храна, слатко, ниту да пиете кафе, алкохолни пијалоци, како и газираните пијалоци.

Туширање

Туширајте се наутро и навечер пред спиење, а ако имате силна потреба за пушење тогаш туширајте се во текот на денот. Туширајте се и тријте го телото до појасот пет минути.

Рутина

Вашите оброци и одењето на спиење нека бидат во одредено време без големи временски разидувања. Избегнувајте оброци по 20 часот, каок и одење во кревет веднаш по јадењето.

Консултирајте се со лекарот

Избегнувајте зачадени простѕории и дружење со пушачи затоа што од денес веќе не пушите. Комбинацијата и дозата на помошнит елековити средства земајте ги само според препораката на лекарите со кои се советувате во врска со одвикнувањето. Без консултацијата не е препорачливо да ја менувате или прекинувате терапијата. Во ваш интерес е да договорите со лекарот за измените и дополнувањата на програмата.

Ублажете ги симптомите на кризата

Важно е во текот на денот да имате барем три оброка и да испиете осум чаши вода, чај или лимунада. Шетајте со брзо одење барем два пати по 30 минути дневно. Ова ќе ви биде од помош да ги ублажите симптомите на кризата и да побрзате и да се ослободите од отровот кој чадот од цигарите го остава во вашиот организам, пружајќи можност да се опоравите.